Ердоган во посета на Ангола

Претседателот Ердоган ќе има средба со претсдетаелот на Ангола, Жоао Мануел Гонсалвес Луренсо

1720978
Ердоган во посета на Ангола

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган пристигна во Луанда, главниот град на Ангола, првата станица од неговата турнеја на Африка.

Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром Луанда Кватро де Февереиро беше пречекан од Тете Антонио, министер за надворешни работи на Ангола и Алп Ај, амбасадор на Турција во Луанда.

Претседателот Ердоган, кој денеска ќе ги започне официјалните разговори, со официјална церемонија во претседателската палата ќе биде пречекан од претседателот на Ангола, Жоао Мануел Гонсалвес Луренсо. По тет-а-тет и меѓуделегациските средби, двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган ќе има обраќање до Парламентот на Ангола, ќе го посети споменикот на докторот Антонио Агостињо Нето и ќе присуствува на бизнис форумот Ангола-Турција кој се организира под покровителство на Советот за надворешни економски односи (ДЕИК).



Слични вести