Во подрачјето на Ширнак неутрализиран терорист од сивата категорија на барани терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во реализирана операција поддржана од воздух на 14 и 15 октомври во руралното подрачје на градот Ширнак се неутрализирани двајца терористи од коие еден сивата категорија на барани терористи

1720711
Во подрачјето на Ширнак неутрализиран терорист од сивата категорија на барани терористи

Како што е соопштено едниот од двајцата неутрализирани терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата бил терористот по име Фират Гизленч, од списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, во реализираната операција поддржана од воздух во рамките на операциите „Ерен“ на 14 и 15 октомври во подрачјето на Ширнак се неутрализирани двајца терористи. 

Како што е установено едниот од неутрализираните терористи е терористот Фират Гизленч познат под кодното име „Сидар Фаркин Амед“ кој делувал во руралното подрачје на градот Ширнак и кој се наоѓа во списокот на барани терористи со распишана парична награда од 500.000 турски лири (56.300 долари) од категоријата означена со сива боја.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека неутрализираниот терорист Фират Гизленч добил специјална воена обука и по директива на Мурат Карајилан, едниот од терористичките челници на организацијата, го обезбедувал преминот на терористите од странство внатре во границите на Турција, бил одговорен за голем број реализирани терористички акции во подрачјата на градовите Ширнак, Сиирт, Мардин, Батман и Дијарбакир, а освен тоа им давал обука за подготвување на бомби на терористите кои делуваат во наведените подрачја.

 



Слични вести