Во подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1720802
Во подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува дека од страна на Турските вооружени сили (ТВС) е реализирана воздушна операција на подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак.

Во соопштението се вели следното: „Нема место кадешто можат да избегаат терористите, ниту едно место не е безбедно за нив. Со реализирана воздушна операција се неутрализирани тројца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на Кандил во северниот дел на Ирак.“

Министерството за национална одбрана (МНО) во своето претходно објавено соопштение информира дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да извршат напад врз елементите на Турските вооружени сили (ТВС) во ова подрачје.

Освен тоа и во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи беше истакнато дека  во реализирана операција поддржана од воздух во рамките на операциите „Ерен“ на 14 и 15 октомври во подрачјето на градот Ширнак се неутрализирани двајца терористи. 

Во соопштението беше информирано дека едниот од неутрализираните терористи е терористот Фират Гизленч познат под кодното име „Сидар Фаркин Амед“ кој делувал во руралното подрачје на градот Ширнак и кој се наоѓа во списокот на барани терористи со распишана парична награда од 500.000 турски лири (56.300 долари) од категоријата означена со сива боја.

 



Слични вести