Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1720756
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 5 терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 5 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната медија се истакнува следното: „Не дозволивме, нема да дозволиме, сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ да ја наруши средината на спокојство и безбедност во подрачјето на операцијата Извор на мирот! нашите јуначки командоси кои ги преземаат сите видови мерки во подрачјето спречија уште еден обид за напад и неутрализираа 5 мина терористи на ПКК/ЈПГ.“

Од друга страна, беше соопштено едниот од двајцата неутрализирани терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, бил терористот по име Фират Гизленч, од списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, во реализираната операција поддржана од воздух во рамките на операциите „Ерен“ на 14 и 15 октомври во подрачјето на Ширнак се неутрализирани двајца терористи. 

Како што е установено едниот од неутрализираните терористи е терористот Фират Гизленч познат под кодното име „Сидар Фаркин Амед“ кој делувал во руралното подрачје на градот Ширнак и кој се наоѓа во списокот на барани терористи со распишана парична награда од 500.000 турски лири (56.300 долари) од категоријата означена со сива боја.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека неутрализираниот терорист Фират Гизленч добил специјална воена обука и по директива на Мурат Карајилан, едниот од терористичките челници на организацијата, го обезбедувал преминот на терористите од странство внатре во границите на Турција, бил одговорен за голем број реализирани терористички акции во подрачјата на градовите Ширнак, Сиирт, Мардин, Батман и Дијарбакир, а освен тоа им давал обука за подготвување на бомби на терористите кои делуваат во наведените подрачја.

 

 

 



Слични вести