Претседателот Ердоган: Продолжуваме да ги зближуваме Турција и Африка на секое поле

Претседателот Ердоган пред да отпатува за Ангола, првата станица од неговата турнеја по три африкански земји (Ангола, Того и Нигерија) од 17 до 20 октомври, на Аеродромот Ататурк во Истанбул одржа состанок за претставниците на печатот

1720755
Претседателот Ердоган: Продолжуваме да ги зближуваме Турција и Африка на секое поле

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на покана на неговите колеги претседатели, денеска отпатува на турнеја по три африкански земји во чии рамки ќе ги посети Ангола, Того и Нигерија.

Претседателот Ердоган пред да отпатува за Ангола, првата станица од неговата турнеја што ќе ја оствари од 17 до 20 октомври, на Аеродромот Ататурк во Истанбул одржа состанок за претставниците на печатот.

Ердоган овде истакна дека вклучувајќи го и времето кога ја извршуваше премиерската функција досега оствари 38 посети на 28 земји во Африка и напомена дека од посебно значење се особено посетите на Ангола и Того кои ќе бидат први официјални посети од Турција на ниво на претседател.

Велејќи дека продолжуваат да ги зближуваат Турција и Африка на секое поле и дека на соработката со африканските земји апсолутно не гледаат краткорочно и со фокусирање на интерес, претседателот Ердоган рече: „Со нашиот трговски обем којшто заклучно со крајот на 2020 година надмина 25 милијарди долари, Турција се истакнува како стратешки партнер за африканските земји.“ 

Ердоган во својот говор се озврна и на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во врска со што рече: „На 159 земји и 12 меѓународни организации им доставивме помош во медицинска опрема и материјали за коишто постои потреба во борбата против епидемијата. Со ставањето во примена на (домашната вакцина против Ковид-19) ТУРКОВАК ќе се обидеме да ја дадеме нашата поддршка секаде кадешто можеме.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја даде и следната информација: „Веднаш по оваа наша турнеја  на 21 и 22 октомври во Истанбул ќе го одржиме 3. Бизнис форум меѓу Турција и Африка.“

Претседателот Ердоган кој отпатува за Ангола, првата станица од неговата турнеја по три африкански земји (Ангола, Того и Нигерија) од 17 до 20 октомври, е придружуван од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трговија Мехмет Муш, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез и шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун.

 



Слични вести