Претседателот Ердоган од 17 до 20 октомври на турнеја по три африкански земји, Ангола,Того и Нигерија

Претседателот Ердоган од 17 до 20 октомври ќе отпатува на турнеја по три африкански земји во чии рамки редум ќе ги посети Ангола, Того и Нигерија

1720705
Претседателот Ердоган од 17 до 20 октомври на турнеја по три африкански земји, Ангола,Того и Нигерија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе отпатува на турнеја по три африкански земји, со која ќе бидат опфатени Ангола, Того и Нигерија.

Во тие рамки, претседателот Ердоган на покана на своите колеги претседатели од 17 до 20 октомври ќе престојува во посета на Ангола, Того и Нигерија.

Во објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството се истакнува дека посетата на претседателот Ердоган на Ангола е прва официјална посета којашто се остварува на оваа земја од Турција на ниво на претседател.

Се вели дека политичките и економските односи коишто се стекнаа со интензитет со посетата на претседателот на Ангола Жоао Мануел Гонцалвес Лоренцо во месец јули на Турција, со оваа историска посета ќе бидат пренесени на понапредна точка.

Претседателот Ердоган за време на посетата ќе има свое обраќање и пред Националното Собрание на Ангола.

Во соопштението на Одделот за комуникации на претседателството воедно се истакнува дека втората станица од турнејата по Африка во чии рамки претседателот Ердоган ќе го посети Того исто така претставува прва официјална посета од Турција на ниво на претседател која е од историско значење и на разговорите коишто ќе се одржат во Ломе ќе бидат разгледани со сите нивни страни билатералните односи и притоа ќе се стои на зајакнувањето на соработката помеѓу двете земји, Турција и Того.

Во соопштението се вели дека последната станица од турнејата на претседателот Ердоган низ три африкански земји ќе биде Нигерија со која се располага со коренити и силни односи, така да на официјалните разговори што ќе се одржат во Абуџа ќе биде направена проценка на чекорите коишто можат да се преземат за продлабочување на постоечката соработка.

Се подвлекува дека посетите на трите африкански земји, Ангола, Того и Нигерија, ќе обезбедат можност лидерите на трите земји освен билатералните односи да разменат мислења и во врска со регионални и меѓународни прашања. 

На Бизнис форумите коишто ќе се одржат во рамките на посетите на Ангола и Нигерија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се предвидува да се состане и со претставниците на деловниот свет.

 



Слични вести