Претседателот Ердоган: Нашата соработка со африканските земји апсолутно не е краткорочна и фокусирана на интерес

Претседателот Ердоган рече: „Продолжуваме да ги зближуваме Турција и Африка на секое поле. На нашата соработка со африканските земји апсолутно не гледаме краткорочно и со фокусирање на интерес.“

1720708
Претседателот Ердоган: Нашата соработка со африканските земји апсолутно не е краткорочна и фокусирана на интерес

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред да отпатува на турнеја по три африкански земји Ангола, Того и Нигерија, одржа прес-конференција на која истакна дека вклучувајќи го и времето кога ја извршуваше премиерската функција досега оствари 38 посети на 28 земји во Африка.

Претседателот Ердоган напомена дека од посебно значење се особено посетите на Ангола и Того кои ќе бидат први официјални посети на ниво на претседател од Турција.

Ердоган рече: „Продолжуваме да ги зближуваме Турција и Африка на секое поле. На нашата соработка со африканските земји апсолутно не гледаме краткорочно и со фокусирање на интерес.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по направените проценки во врска со оваа негова турнеја по три африкански земји, со која ќе бидат опфатени Ангола, Того и Нигерија, одговараше и на прашањата на новинарите.

 

 



Слични вести