Во подрачјето на планината Габар кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1720422
Во подрачјето на планината Габар кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во операциите „Ерен-13“ коишто продолжуваат во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на командоските единици на жандармеријата е реализирана операција во подрачјето на планината Габар во населеното место Меркез кај градот Ширнак.

Во операцијата се неутрализирани двајца терористи.

На тој начин во операциите „Ерен“ во текот на вчерашниот ден се неутрализирани вкупно тројца терористи од кои еден кај градот Хаќќари и двајца кај градот Ширнак.

Продолжуваат операциите во подрачјето.

 



Слични вести