Потпретседателот Октај: Оној кој ќе ја изгуби својата рута во Медитеранот ќе го добие одговорот

Потпретседателот Фуат Октај рече: „Особено со иницијативи со коишто се негираат нашата земја и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Медитеранот не може да се постигне ништо“

1720598
Потпретседателот Октај: Оној кој ќе ја изгуби својата рута во Медитеранот ќе го добие одговорот

Потпрестедателот Фуат Октај во објавеното соопштение што го објави во Анкара покажа реакција против активностите на Грција и Јужната кипарско-грчка управа за испраќање на брод за истражување во границите на континенталниот гребен на Турција.

Октај во соопштението го истакна следното: „Особено со иницијативи со коишто се негираат нашата земја и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Медитеранот, не може да се постигне ништо. Грција и Јужната кипарско-грчка управа кои одбиваат да го разберат тоа, со посредство на еден брод со малтешко знаме и во сопственост на Италија се обидуваат да испратат свој брод за истражување во нашиот континентален гребен.

Со потцртување велам уште еднаш. Оној кој ќе ја изгуби својата руа, ќе биде дезориентиран во Медитеранот ќе го добие одговорот. Со кого и да постигнат договор немој никако да се обидат да се однесуваат со разгалување, имајќи доверба во постигнатите договори и во оние кои стојат зад нив.“



Слични вести