Ердоган: Сакаме да постигнеме обем на трговска размена со Германија од 50 милијарди долари

Претседателот Ердоган истакна дека Турција сака да постигне обем на трговска размена со Германија од 50 милијарди долари

1720597
Ердоган: Сакаме да постигнеме обем на трговска размена со Германија од 50 милијарди долари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дворецот Хубер во истанбул се состана со германската канцеларка Ангела Меркел која допатува во работна посета на Турција што претставува и негова последна и проштална посета во својство на премиер.

По средбата лице в лице претседателот Ердоган и германската канцеларка Меркел одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција сака да постигне обем на трговска размена со Германија од 50 милијарди долари.

„На нашите денешни разговори со г-ѓа Меркел детално ги разгледавме актуелните прашања на дневниот ред на чело со нашите билатерални односи.“ - рече Тој.

Велејќи дека турската заедница во Германија ја сочинува социјалната страна на односите на двете земји, Ердоган се осврна и на клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваат припадниците на турската заедница во Европа во врска со што го рчее следното: „Расизмот, непријателството кон исламот и странците (исламофобијата и ксенофобијата) и дискриминацијата, за жал и понатаму остануваат како главни проблеми на турската заедница во Европа.“

Претседателот Ердоган истакна дека германската канцеларка Ангела Меркел која допатува во Турција во рамките на нејзината проштална посета пред истекот на нејзиниот мандат како премиер, е сигурен оти ќе обезбеди значајни придонеси за турско-германското пријателство и во иднина. 

Тој рече: „Се надевам дека успешната работа што ја имавме со г-ѓа Меркел ќе продолжи и со новата Влада. Како Турција секогаш ќе се сеќаваме на придонесите на Меркел на патот за полноправно членство во Европската унија (ЕУ).“

Во однос на прашањето со мигрантите пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека на средбата со германската канцеларка станало збор и за прашањето со мигрантите (бегалците) и миграцијата, во врска со што ја изнесе следната констатација: „Турција е во состојба на гостилница по ова прашање. Не е можно да ги одложиме (порекнеме) овие луѓе, како што прави Грција. Нашето домаќинство (згрижување) ќе продолжи. Нив ги згрижуваме градејќи куќи од брикети, Моментално завршивме 60 илјади куќи, нашата цел е да ги зголемиме на 100 илјади.“

Германската канцеларка Ангела Меркел, исто така во говорот што го одржа на одржаната заедничка прес-конференција со претседателот Ердоган, во врска со илегалната миграција го рече следното: „Реков дека ќе продолжи поддршката којашто Европоската унија (ЕУ) ќе и ја дава на Турција по ова прашање. Сакаме да го спречиме криумчарењето со луѓе. Поддршката на ЕУ на Турција по ова прашање е неопходност, услов. И придадовме значење на нашата соработка. Со господинот Ердоган се променија многу работи во Турција. Тоа можеме да го видите кога ќе погледнеме кон Истанбул. Турција е значаен партнер за нас како НАТО сојузник. Секогаш имаме заеднички интереси. Федералната Влада и по мене ќе продолжи со иста перспектива, ист поглед. Нашиот мир и нашата доверба се меѓусебно поврзани.“

Велејќи „Во Германија има верска слобода. Ние презентираме многу одлучен став по прашањето на непријателството кон исламот (исламофобијата) и расизмот.“ - германската канцеларка Ангела Меркел го додаде следното: „Уште од почетокот сакаме да ги спречиме нив. Доживеавме жалосни настани во проблемите со непријателството кон јудеизмот и исламот. За тоа се мобилизираат сите можности, материјално и духовно. За нас секогаш ќе има одредена должност.“

 



Слични вести