Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во посета на Турција

Претседателот Ердоган се состана со германската канцеларка Ангела Меркел во дворецот Хубер во Истанбул

1720555
Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во посета на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во посета на Турција, којашто е и нејзина последна и проштална посета.

Претседателот Ердоган се состана со германската канцеларка Меркел во дворецот Хубер во Истанбул.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, во рамките на разговорите на Меркел во Истанбул ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии билатералните односи помеѓу Турција и Германија, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто можат да бидат преземени за развивање на соработката.

Меѓу насловите на разговорите ќе се најдат и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) како и регионални и меѓународни прашања на чело со Либија, Сирија и Авганистан.

 



Слични вести