Во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани уште 13 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализираните прекугранични операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани уште 13 терористи на ПКК

1720079
Во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани уште 13 терористи

Во реализираните прекугранични операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ (Pençe- Şimşek и Pençe-Yıldırım) во северниот дел на Ирак, во последните два дена се неутрализирани уште 13 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, како што нагласи министерот Хулуси Акар со паролата „Онаму кадешто е терористот нашата цел е таму!“ продолжуваат да се срамнуваат со земјата терористичките дупки (пештери) во северниот дел на Ирак. 

Во тие рамки, во операцијата „Шепа-Гром“ која што се реализира во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак од страна на турските командоси се неутрализирани 8 терористи на ПКК, а во операцијата „Шепа-Молња“ во областа Метина од страна на копнените и воздушните елементи се неутрализирани 5 терористи.

 



Слични вести