Турција го осуди бомбашкиот напад врз џамијата во Кандахар, во Авганистан

Министерството за надворешни работи соопшти дека Турција го осуди извршениот терористички бомбашки напад врз една џамија за време на клањањето на џума намаз (петочната молитва) во провинцијата Кандахар во Авганистан

1720247
Турција го осуди бомбашкиот напад врз џамијата во Кандахар, во Авганистан

Турција го осуди извршениот терористички бомбашки напад врз една џамија за време на клањањето на џума намаз (петочната молитва) во провинцијата Кандахар во Авганистан.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со големо жалење е дознаено за зголемиот број загинати и ранети во реализираниот бомбашки терористички напад за време на денешнот џума намаз (петочната молитва) во провинцијата Кандахар, во Авганистан.

Жестоко ги осудуваме овие нечовечки терористички напади во последно време во Авганистан чија цел се особено џамиите, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување, го изразуваме нашето најискрено сочувство до пријателскиот и братскиот авганистански народ.“

Инаку, во реализираниот бомбашки напад од страна на двајца самоубиствени бомбаши врз џамијата фатимије во сопственост на шиитската заедница во провинцијата Кандахар која е позната како тврдина на Талибан, во јужниот дел на Авганистан, според првични добиени информации загинаа 30 лица, а повеќе од 200 лица се ранети.“



Слични вести