Реакција од Турција против инцидентот на ракометарскиот меч Нови Пазар-Црвена Ѕвезда во Белград

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич одговори писмено на едно поставено прашање во врска со инцидентот на неодамнешниот одигран ракометарски натпревар во Србија помеѓу екипите на Нови Пазар од Санџак и Црвена Ѕвезда од Белград

1719919
Реакција од Турција против инцидентот на ракометарскиот меч Нови Пазар-Црвена Ѕвезда во Белград

Турција покажа реакција на извикувањето на расистички слогани и поставувањето на постерите на воените злосторсници од страна на навивачите на српската ракометарска екипа Црвена Ѕвезда за време на ракометраскиот натпревар со спортскиот клуб Нови Пазар од Санџак што се одигра во Белград.

Министерството за надворешни работи на Турција инцидентот на натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и Нови Пазар го критикуваше на кој беа пеани навредливи песни, беа поставени недолични транспаренти на трибините и беа упатени навреди на национална и верска основа од страна на навивачите на домашната екипа Црвена звезда. 

Се упатени критики со зборовите: „Жалосно е тоа што извикуваните слогани освен тоа што беа со навреди против нашите браќа Бошњаци, беа во својство на провокација и на нашата  заедничка историја со регионот.“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич одговори писмено на едно поставено прашање во врска со инцидентот на неодамнешниот одигран ракометарски натпревар во Србија помеѓу екипите на Нови Пазар од Санџак и Црвена Ѕвезда од Белград.

Билгич истакна дека со жалење е дочекана одлуката на спортскиот клуб Нови Пазар за напуштање на српската ракометарска супер лига АРКУС, а како реакција против тоа што не беа преземени никакви мерки против расистичките слогани коишто беа извикувани и транспарентите на воените злосторници кои беа поставени на трибините од страна на навивачите на Црвена Ѕвезда за време на натпреварот, како и тоа што не беше сторено ништо против сторителите на инцидентот.

Велејќи „Чувствуваме загриженост од расистичките однесувања коишто не се истоветуваат со спортскиот дух и на коишто се подложени спортските клубови од Нови Пазар за време на последните одиграни спортски натпревари. Жалосно е тоа што извикуваните слогани освен тоа што беа со навреди против нашите браќа Бошњаци, беа во својство на провокација и на нашата  заедничка историја со регионот“ , Танжу Билгич информира дека веруваат оти спортот е средство за зајакнување на мирот и пријателството помеѓу општествата и дека во најскоро време ќе бидат казнети одговорните за овие инциденти.

„По тој повод уште еднаш нагласуваме дека изнесувањето на воените злосторници пред лицето на правдата е значајно за воспоставување на општествениот мир и компромис, како и спречувањето на сличните злосторства во регионот.“ - рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич.

 



Слични вести