Повик од Турција за воздржаност до страните во Либан

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека се чувствува длабоко жалење од човечките загуби до коишто дојде како резултат на отворениот оган од страна на неидентификувани лица врз демонстрантите за време на вчерашните протести во Бејрут

1719928
Повик од Турција за воздржаност до страните во Либан

Турција упати повик за воздржаност до страните во Либан во врска со случувањата во оваа земја по отворениот оган со огнено оружје од страна на поддржувачите на Хезболах и Движењето Емел за време на протестите кога демонстрантите маршираа кон судската зграда во главниот град Бејрут.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека се чувствува длабоко жалење од човечките загуби до коишто дојде како резултат на отворениот оган од страна на неидентификувани лица врз демонстрантите за време на вчерашните протести во Бејрут.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Посакуваме што поскоро да бидат фатени и изнесени пред лицето на правдата одговорните на овој очаен инцидент и за да не бидат доживеани слични инциденти ги повикуваме сите страни во Либан на воздржаност и избегнување од преземање на акции на насилство.“

Инаку, поддржувачите на Хезболах и Движењето Емел вчера организираа протести со барање за назначување на друг судија на местото на судијата Тарик ел-Битар од чија страна се води истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето во либанскиот главен град Бејрут.

За време на протестите кога демонстрантите маршираа кон судската зграда во Бејрут беше отворен оган со огнено оружје при што според првични добиени информации животите ги загубија 6 лица, а повеќе од 30 лица беа ранети.

Потоа Министерството за здравство на Либан во објавеното соопштение во врска со инцидентите по отворениот оган со огнено оружје во околината на судската зграда во Бејрут соопшти дека бројот на загинатите изнесува 6, а 32 лица се ранети. 

Се уште не е познато од чија страна беше отворен оган врз демонстрантите.

По инцидентот со извршениот напад во областа Ет-Тајуна, беа доживеани нови инциденти и немири и на местата кадешто се пресекуваат маалото Ајн ер-Руман кадешто живеат христијани и маалото Еш-Шијах претежно населен со шиити.

Либанскиот министер за внатрешни работи Бесам Мевлеви во дадената изјава по вонредниот состанок на Централниот безбедносен совет истакна дека немирите започнале по убиството на еден од демонстрантите со застрелување во главата од страна на снајперисти.

Во меѓувреме, либанската Влада денеска прогласи еднодневна жалост за загинатите во отворениот оган врз демонстрантите, за време на протестите во Бејрут.

Во објавениот циркулар од страна на Владата на Либан се истакнува дека на 15 октомври, во петок (денеска) ќе бидат затворени сите јавни институции во земјата.

 



Слични вести