Ердоган: Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин

Претседателот Ердоган рече: „Ќе ја водиме секој вид потребна борба против терористичките организации, познатите сили за кои стојат САД и режимските сили во Сирија. Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин.“

1720319
Ердоган: Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) во џамијата Хазрети Али во Истанбул, одговараше на прашањата на новинарите.

На едно поставено новинарско прашање во врска со можната нова прекугранична операција во подрачјето на северниот дел на Сирија, претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе ја води секој вид борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија, силите зад кои стојат Соединетите Американски Држави (САД) и против поддршката на Асадовиот режим тие сили.

Претседателот Ердоган рече: „Ќе ја водиме секој вид потребна борба против терористичките организации, познатите сили зад кои стојат САД и режимските сили во Сирија. Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин.“

 



Слични вести