Ердоган: Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин

Претседателот Ердоган рече: „Ќе ја водиме секој вид потребна борба против терористичките организации, познатите сили зад кои стојат САД и режимските сили во Сирија. Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин.“

1720323
Ердоган: Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) во џамијата Хазрети Али во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите.

На едно поставено новинарско прашање во врска со можната нова прекугранична операција во подрачјето на северниот дел на Сирија, претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе ја води секој вид борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија, Соединетите Американски Држави (САД) и против поддршката на Асадовиот режим.

Тој рече: „Ќе ја водиме секој вид потребна борба против терористичките организации, познатите сили на САД и режимските сили во Сирија. Нашата борба во Сирија во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин.“

Велејќи дека во северниот дел на Сирија се наоѓа сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД и дека на чело на земјите од чија страна се поддржува се наоѓаат коалиционите сили и Соединетите Американски Држави (САД), претседателот Ердоган подвлече дека терористичките организации кои дејствуваат во тоа подрачје се резултат на таа поддршка.

„Секој вид поддршка што им се дава на овие (терористите), со оружјето, муницијата овде вршат терор. Ние водиме борба против нив. Режимот добива сила од нив. /.../  Нашата борба против нив во наредниот период ќе продолжи на многу поразличен начин. Ќе ја водиме неопходната борба против терористичките организации, против познатите сили зад кои стојат САД таму, ние сме одлучни по ова прашање.“ - рече Ердоган.

Осврнувајќи се и на случувањата во Авганистан, претседателот Ердоган истакна дека Талибан е во потрага за признавање во светот.

Тој напомена дека на остварените разговори со талибанската делегација која вчера допатува во Турција беа доставени барања како по прашањето на хуманитарната помош, така и по прашањето на функционирањето на новиот период во Авганистан.

Претседателот Ердоган рече: „Ние ќе му ја дадеме секој вид поддршка на авганистанскиот народ и по прашањето на овие барања. Доволно е оваа управа во Авганистан навистина да покажува праведен (фер) пристап во одбраната на правата на авганистанскиот народ и во меѓународните односи. Да има фер пристап во нејзините односи со нас и во меѓународните односи. Доколку се фрли еден таков чекор, ние имаме древно пријателство со авганистанскиот народ и не можеме тоа да го оставиме настрана (да го изоставиве од вид).“

Во врска со оперирањето (управувањето) со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, претседателот Ердоган го рече следното: „Ние управувавме со Аеродромот во Кабул. И во наредниот период, доколку можат да се постигнат договори за тоа, Турција, Катар и Авганистан, би можеле да ги преземеме овие видови чекори.“

На прашањето во врска со енергетската криза со која се соочуваат земјите од Европа и за состојбата во Турција пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека во моментов Турција нема таков проблем благодарение на преземените мерки и додаде дека како земја ќе продолжат да преземаат сѐ што е потребно и во иднина.

 



Слични вести