Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе допатува во посета на Турција

На разговорите на германската канцеларка Ангела Меркел во Истанбул ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии билатералните односи помеѓу Турција и Германија, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто можат да бидат преземени за развивање на соработката

1720165
Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе допатува во посета на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе допатува во работна посета на Турција, којашто ќе воедно ќе биде и нејзина проштална посета.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, на разговорите во Истанбул ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии билатералните односи помеѓу Турција и Германија, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто можат да бидат преземени за развивање на соработката.

Меѓу насловите на разговорите ќе се најдат и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) како и регионални и меѓународни прашања на чело со Либија, Сирија и Авганистан.



Слични вести