Во близина на Измир се спасени 67 турнати мигранти кон турските територијални води

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на Измир спасија вкупно 67 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1719879
Во близина на Измир се спасени 67 турнати мигранти кон турските територијални води

Од водите на Егејското Море во близина на Измир се спасени 67 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно варени) назад кон турските територијални води.

Според објавеното соопштение на интернет страницата на Командата на крајбрежната стража, екипите на турската крајбрежна стража во рамките на активностите за нерегуларните мигранти качени на гумени чамци за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води, на 13 октомври спасија и извадија на копно 21 нерегуларен мигрант во близина на населеното место Дикили, 33 во близина на населеното место Чешме и 13 нерегуларни мигранти во близина на Мендерес.

Спасените вкупно 67 мигранти странски државјани по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Администрацијата за миграција на Измир.



Слични вести