Чавушоглу: Ја посоветувавме талибанската делегација која допатува на разговори во Анкара

Туската делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара се состана со талибанската делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи на управата на Талибан во Авганистан Емирхан Мутаки

1719876
Чавушоглу: Ја посоветувавме талибанската делегација која допатува на разговори во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера се состана со талибанската делегација која под водство на заменик министерот за надворешни работи на управата на Талибан во Авганистан Емирхан Мутаки допатува во посета на Турција.

Средбата помеѓу турската делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и седум члената висока талибанска делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи на управата на Талибан во Авганистан Емирхан Мутаки се одржа во Министерството за надворешни работи во Анкара.

По средбата министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на разговорите од страна на авганистанската делегација добиле информации во врска со најновата ситуација во Авганистан.

Велејќи дека притоа талибанската делегација била посоветувана во однос на вклучувањето на жените во деловниот живот во земјата, Чавушоглу рече: „Вклучувањето на жените во деловниот живот претставува очекување и на исламскиот свет. Денеска уште еднаш рековме и сугериравме дека пред се Талибан треба да биде инклузивен за единството и заедништвото на земјата.“ 

Мевлут Чавушоглу напомена дека ги доставиле до Талибан очекувањата за реализирање на летовите од Авганистан, додека талибанската делегација ја замолиле Турција особено во однос на продолжувањето на хуманитарната помош и инвестирањата во Авганистан.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на разговорите било поставено на дневен ред и прашањето со миграцијата во врска со што го рече следното: „Талибанската делегација информираше ќе дадат поддршка колку што можат доколку авганистанските мигранти сакаат да се вратат во нивната земја.“

Инаку седумчлената висока талибанска делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи на талибанската администрација во Авганистан Емирхан Мутаки, вчера во попладневните часови од Доха, главниот град на Катар, допатува на разговори во Анкара.

За време на состанокот со западните дипломати во Доха во вторникот заменик министерот за надворешни работи на талибанската администрација Емирхан Мутаки истакна дка да се ослабнува авганистанската Влада не е во ничиј интерес, а како што рече бидејќи негативните ефекти од оваа ситуација директно ќе влијаат врз безбедноста, економијата и миграцијата во целиот свет.

 



Слични вести