Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 203 лица, регистрирани се 30.709 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 203 лицa, направени се 362.217 тестирања од кои се регистрирани 30.709 нови позитивни случаи

1719877
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 203 лица, регистрирани се 30.709 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 203 лицa.

Во изминатото деноноќие се направени 362.217 тестирања од кои се регистрирани 30.709 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 26.461 лице.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 14 октомври, четврток во 23:40 часот по турско време, се зголеми на 113 милиони 418 илјади 257.

 



Слични вести