Акар: „Неопходно против тероризмот ќе се направи кога ќе дојде местото и времето“

Наша должност е да ги заштитиме правата на нашата благородна нација и секоја честичка од нејзинното право

1719681
Акар: „Неопходно против тероризмот ќе се направи кога ќе дојде местото и времето“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во врска со нападите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ извршени од северот на Сирија,  рече: „Што и да треба да се направи за да се заштитат нашите права и интереси, како што до денес беше направено под водство на нашиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кога ќе дојде време и место, истото ќе се направи. Никој не треба да се сомнева во тоа“.

Акар одржа состанок за евалуација со началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, командантите на вооружените сили и административниот и воен управен персонал на Националниот универзитет за одбрана.

Акар, во говорот на состанокот нагласи дека внимателно ги следат сите случувања на северот на Ирак и Сирија, Егејското Море, Источниот Медитеран и Кипар.

„Наша должност е да ги заштитиме правата на нашата благородна нација и секоја честичка од нејзинното право“ рече Акар и додаде дека „што треба да се направи за тоа, како што го направија до денес, ќе продолжат да го прават и во иднина“.

Осврнувајќи се на неодамнешните терористички напади од северна Сирија врз Турција, Акар изјави дека нема да дозволат создавање терористички коридор во регионот на кој било начин и потенцираше: „Што и да треба да се направи за да се заштитат нашите права и интереси, како што до денес беше направено под водство на нашиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кога ќе дојде време и место, истото ќе се направи. Никој не треба да се сомнева во тоа“.

Осврнувајќи се на НАВТЕКС (предупредување до морнарите) што ги објави Турција во врска со активностите на бродовите за сеизмичко истражување во Источниот Медитеран, Акар рече: „Не доаѓа во предвид да ги компромитираме нашите области за поморска надлежност, нашите права, интереси во други работи. Нашите сили се постојана на задача“.

Министерот Акар и командантите на вооружените сили во негова придружба, потоа се префрлија во Командата на мултинационалниот заеднички воен центар и извесно време ја следеа „Вежбата за Евроазиски мир 2021 година“.



Слични вести