Чавушоглу: „Турција ќе стори се што е потребно за да се исчистат терористите во Сирија“

Русија и САД не ги одржаа ветувањата

1719067
Чавушоглу: „Турција ќе стори се што е потребно за да се исчистат терористите во Сирија“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека ќе сторат се што е потребно за да ги исчистат терористите во Сирија.

На заедничката прес-конференција по средбата со министерот за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада Колиндрес во Анкара, Чавушоглу се осврна на нападите на ПКК/ЈПГ од Сирија врз Турција.

Нагласувајќи дека неодамна таквите напади почнаа да се забележуваат и дека Русија и Соединетите Американски Држави (САД) се исто така одговорни за најновите напади, Чавушоглу рече: „Двете земји овие терористи требаше да ги префрлат најмалку 30 километри на југ. Русија требаше да ги исчисте Тел Рифат и Мунбич. Овие ветувања не беа исполнети “, рече Чавушоглу.

Потсетувајќи дека Русија и САД не ги одржаа ветувањата, Чавушоглу рече: „Тие велат: „Ги осудуваме нападите“, но кој го дава ова оружје и ги обучува. Вие им давате и ги обучувате, а потоа објавувате привидна порака со осуда. Бидејќи овие терористи се тука, она што треба да го направиме е самитѕе да се справиме со овој проблем. Ќе направиме се што е потребно за нивно чистење“.

Во предавничкиот напад извршен од сепаратистичко -терористичката организација за викендот во сирискиот град Мера, беа убиени двајца полицајци.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во изјавата што ја објави  претходниот ден, даде сигнал за преземање операции во споменатите региони.



Слични вести