Претседателот Ердоган испрати видео порака до 15-тата Конференција на КОП15

Претседателот Ердоган истакна дека борбата против климатските промени и проблемите коишто произлегуваат од животната средина не може да им се префрли само на одредени земји и дека сите земји мораат да ја стават својата рака под каменот

1718264
Претседателот Ердоган испрати видео порака до 15-тата Конференција на КОП15

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака до 15-тата Конференција на страните  на Конвенцијата за биолошка разновидност при Обединетите нации (ОН), позната по името „КОП15“.

Претседателот Ердоган во оваа негова видео порака истакна дека борбата против климатските промени и проблемите коишто произлегуваат од животната средина не може да им се префрли само на одредени земји и дека сите земји мораат да ја стават својата рака под каменот.

Велејќи дека човештвото се соочува со бројни предизвици како што се климатските промени, еколошки катастрофи, загадување, безбедност на водата и храната и губење на биолошката разновидност (биодиверзитетот), Ердоган укажа дека природните непогоди и катастрофи коишто се доживуваат во последно време во различни места во светот и кои предизвикуваат сериозни загуби ги покажуваат очајните димензии до коишто достигнаа сиве овие проблеми.

Тој појасни дека оваа состојба предизвикува конфликти и ги приморува луѓето на иселување.

„Оние кои првенствено треба да фрлат чекор пред оваа закана којашто влијае на нашата иднина, секако се оние кои имаат историска одговорност во појавата на тешкотиите што доведуваат до климатски промени. Но, борбата против климатските промени и проблемите коишто произлегуваат од животната средина не може да им се префрли само на одредени земји. Без оглед на нивната економска моќ, географска местоположба и историска одговорност сите земји мораат да ја стават својата рака под каменот.“ - порача Ердоган.

Нагласувајќи дека Турција е одлучна да ја одбрани својата богата биолошка разновидност, ѝ на копно, ѝ во своите мориња, Ердоган напомена дека Турција располага со шумски, планински, степски, мочуришни, крајбрежни и поморски екосистеми коишто исто така располагаат со различни форми и комбинации, а воедно појасни дека патот на 3 од 8-те центри за растителни гени во светот се пресекува во Турција која е татковина на стотици растителни видови.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во испратената видео порака исто така информира дека Турција наредната година ќе биде домаќин на 16-тата Конференција на страните на Конвенцијата за биолошка разновидност при Обединетите нации (ОН) позната по името „КОП15“ и дека во периодот 2022-2024 година ќе го презеде претседателствувањето со Конвенцијата за биолошка разновидност при Обединетите нации (ОН).

Тој додаде дека во овој процес Турција ќе одигрува предводничка улога во преземањето на неопходните чекори за заштита на биолошката разновидност, како во границите на земјата, така и во светот.

 



Слични вести