Ердоган: Меѓународната заедница не може да го препушти Авганистан на неговата сопствена судбина

Претседателот Ердоган истакна дека меѓународната заедница нема луксуз да му го сврти грбот на авганистанскиот народ и да ја препушти оваа земја на нејзината сопствена судбина

1718511
Ердоган: Меѓународната заедница не може да го препушти Авганистан на неговата сопствена судбина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Вонредниот лидерски самит на Г-20 посветен на Авганистан се приклучи од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку видео конференција. 

Претседателот Ердоган истакна дека меѓународната заедница нема луксуз да му го сврти грбот на авганистанскиот народ и да ја препушти оваа земја на нејзината сопствена судбина.

Велејќи дека се соочуваме со нова политичка и геополитичка реалност во Авганистан и дека од критично значење е што поскоро да се воспостави стабилноста во земјата, не само во регионални, туку и во меѓународни димензии, Ердоган рече: „Треба да го усмериме Талибан во правец на формирање на инклузивна (сеопфатна) управа. Меѓународната заедница нема луксуз да му го сврти грбот на авганистанскиот народ, да ја препушти оваа земја на нејзината сопствена судбина.“

Тој нагласи дека поради хуманитарната криза којашто се повеќе се продлабочува во земјата треба да се покажува силна солидарност со авганистанскиот народ.

Ердоган потсети дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ како последно му достави на авганистанскиот народ помош во храна од 33 тони и го рече следното: „Ќе продолжиме да ја исполнуваме нашата братска задача кон авганистанскиот народ во овие тешки денови за него.“

Привлекувајќи внимание дека случувањата во Авганистан го зголемуваат ризикот од миграциски бран, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Турција не може да го сноси товарот од евентуалниот миграциски бран од Авганистан. Предлагам да се формира работна група во склопот на Г-20. Ние како Турција сакаме да го преземеме претседателствувањето со оваа група.“

Ердпган додаде дека од миграцискиот притисок на којшто ќе биде изложена Турција ќе биде неминовно тоа да влијае и на европските земји.

 



Слични вести