Чавушоглу: Планираме со некои министри за надворешни работи да заминеме за Кабул

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека во наредниот период планираат заедно со некои министри за надворешни работи да заминат за главниот град на Авганистан, Кабул

1718623
Чавушоглу: Планираме со некои министри за надворешни работи да заминеме за Кабул

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес-конференција со индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди се осврна на прашањето со Авганистан.

Чавушоглу информира дека во наредниот период планираат заедно со некои министри за надворешни работи да заминат за главниот град на Авганистан, Кабул.

Велејќи дека одблизу се следи ситуацијата во Авганистан, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Во наредниот период планираме заедно со некои министри за надворешни работи да заминеме за Кабул. Со Ретно за тоа разговаравме во Њујорк. Оваа идеја многу им се допадна и на некои други пријателски и братски министри. Планирањето за тоа ќе го реализираме во наредните денови.“



Слични вести