Ангела Меркел: Не можете да ја изоставите од вид Турција

Според веста на германскиот весник „Јудише Алгемајне“, германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Турција одигрува централна улога за Европската унија (ЕУ) во борбата против илегалната миграција кон Европа

1718475
Ангела Меркел: Не можете да ја изоставите од вид Турција

Германскиот весник „Јудише Алгемајне“ им оддели место на изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел во врска со Турција коишто ги даде за време на посетата на Институтот за национално-безбедносни истражувања во Ерусалим (Кудс).

Меркел истакна дека Турција одигрува централна улога за Европската унија (ЕУ) во борбата против илегалната миграција кон Европа.

На едно поставено прашање во врска со Турција, германската канцеларка Ангела Меркел го рече следното: „Не можете да ја изоставите од вид Турција. Турција која е членка на НАТО одигрува централна улога за ЕУ во борбата против илегалната миграција кон Европа. Турција има големи цели и се доживуваат бројни разочарувања во односите. Дури и тоа што се различни ставовите во однос на основни прашања, треба да изнајдете прагматични договори. Треба да продолжиме да зборуваме меѓусебно.“



Слични вести