Во терористички напад во северниот дел на Сирија загинаа двајца припадници на специјалните полициски сили

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека бројот на припадниците на специјалните полициски сили кои станаа шехиди (загинаа) во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се зголеми на двајца

1717528
Во терористички напад во северниот дел на Сирија загинаа двајца припадници на специјалните полициски сили

Бројот на турските припадници на специјалните полициски сили кои станаа шехиди (загинаа) во вчерашниот извршен напад со водена ракета од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД врз оклопно возило во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, се зголеми на двајца.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека вчера беше извршен напад со водена ракета од страна на терористите на ПКК/ПЈД од областа на Тел Рифат врз оклопно возило во кое се наоѓаа припадници на специјалните полициски сили во областа помеѓу Азез и Маре во подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Во објавеното прво соопштение беше соопштено дека во нападот загина еден припадник на специјалните полициски сили на задача во силите во Сирија, а тројца припадници на специјалните полициски сили се ранети од кои еден потешко.

Во понатамошните часови пристигна соопштение и од министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу кој во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека и покрај сите напори на лекарите не можеше да биде спасен уште еден од ранетите припадници на специјалните полициски сили кој им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот), со што бројот на шехидите (загинатите) се зголеми на двајца.

 



Слични вести