Претседателот Ердоган: Ја започнавме Револуцијата за зелен развој, првата од целите за визијата за 2053 година

Претседателот Ердоган истакна дека ја започнаа Револуцијата за зелен развој којашто претставува прва цел од визијата за 2053 година и која ја оценуваат како најголемо наследство коешто ќе им го остават на младите

1717578
Претседателот Ердоган: Ја започнавме Револуцијата за зелен развој, првата од целите за визијата за 2053 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги сподели снимките од програмата „Средба со младите“ што ја оствари во Музејот Јени Адана со студентите од 81 град, по неговата остварена вчерашна посета на градот Адана.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде потсети дека во изминатите денови беше ратификуван во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Парискиот климатски договор.

Велејќи дека со оваа одлука ја започнаа Револуцијата за зелен развој којашто претставува прва цел од визијата за 2053 година и која ја оценуваат како најголемо наследство коешто ќе им го остават на младите, Ердоган рече: „Исто како и во секое прашање, најголемата поддршка и во Револуцијата за зелен развој ја добиваме од младите. Турција, онака како што во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) благодарение на нејзината силна здравствена инфраструктура се оддели од другите земји, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе го постигнеме истиот успех во процесот на климатските промени и со Револуцијата за зелен развој. Ќе го продолжиме нашиот развој, зачувувајќи ги рамнотежите на природата којашто ни е оставена во аманет од Бога и искористувајќи ги можностите коишто ни се пружат на погоден начин.“

Претседателот Ердоган на младите им се обрати со зборовите „Во иднина вие ќе го преземете знамето на оваа 1.500 годишна цивилизација и 1.000 годишна борба за татковината“ и го рече следното: „Од нашите млади посакувам уште отсега да размислуваат и се грижат за визијата за 2053 година на којашто укажавме како една од првите цели за националниот технолошки потег и револуцијата за зелен развој. Не заборавајте сѐ започнува со мислата. Потоа гледате дека чекор по чекор сте почнале да се приближувате кон тие ваши мисли.“ 

Привлекувајќи внимание дека не само Турција, целиот свет се наоѓа под закана од климатските промени, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека во однос на ова прашање на крајот на овојмесец ќе се одржат самити во главниот град на Италија, Рим и во градот Глазгов во Шкотска.

 



Слични вести