Ердоган: Треба да вложиме напори за успех во образованието со физичко присуство, лице в лице

Претседателот Ердоган рече: „Оставивме зад нас 5 недели во образованието со физичко присуство, лице в лице. Треба да водиме напори за успех во процесот.“

1717955
Ердоган: Треба да вложиме напори за успех во образованието со физичко присуство, лице в лице

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Конгресниот и народен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллиејто“ во Бештепе во Анкара говореше на церемонијата на свечено отворање на Проектот 100 школи и 50 центри за истражување и развивање во стручното образование.

Претседателот Ердоган овде упати повик до граѓаните да се вакцинираат против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го рече следното: „Колку брзо ќе можеме да се стекнеме со колективна (општествена) имунизација надминувајќи го брзо прагот во вакцинирањето, во толкава мера ќе можеме да бидеме спокојни во наредните зимски месеци.“

Осврнувајќи се на борбата против Ковид-19, Ердоган рече: „Искористувањето на средствата коишто се ни се нудат од страна на науката и медицината во борбата против епидемијата, е наша должност, ѝ како луѓе,ѝ како муслимани. Нашата држава во согласност со принципот 'нека живее човекот за да живее државата' им ги ставила во услуга на своите граѓани сите неопходно можности понапред дури и од голем број развиени земји.“ 

Претседателот Ердоган истакна дека активностите во образованието продолжуваат без соочување со некој сериозен проблем и дека министерствата за национално образование и здравство ги продолжуваат своите напори по секое прашање за да не се доживеат било какви проблеми.

„Оставивме зад нас 5 недели во образованието со физичко присуство, лице в лице. Треба да водиме напори за успех во процесот.“ - рече Тој.

Повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Колку брзо ќе можеме да се стекнеме со колективна (општествена) имунизација надминувајќи го брзо прагот во вакцинирањето, во толкава мера ќе можеме да бидеме спокојни во наредните зимски месеци. Во спротивно, заедно со зголемувањето на студовите не можеме да го спречиме зголемувањето на нашите проблеми. Верувам дека сите наши граѓани ќе ја покажат потребната чувствителност по ова прашање.“

 



Слични вести