Ердоган: Одлучни сме да ги елиминираме заканите против нашата земја од северниот дел на Сирија

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е одлучна да ги елиминира заканите коишто произлегуваат од северниот дел на Сирија и тоа или заедно со силите кои се активни таму или со нејзините сопствени можности

1718052
Ердоган: Одлучни сме да ги елиминираме заканите против нашата земја од северниот дел на Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање до нацијата што го одржа по состанокот на претседателскиот кабинет во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, информира дека на состанокот беа направени проценки во однос на бројни прашања коишто ги засегаат одблизу земјата и народот од здравството до образованието, од безбедноста до туризмот и до социјалната помош, како и борбата против тероризмот.

Претседателот Ердоган рече: „Немаме трпение по прашањето на изворот на терористичките напади коишто од Сирија се насочени против нашата земја. Одлучни сме да ги елиминираме заканите коишто произлегуваат оттаму, или заедно со силите кои се активни таму или со нашите сопствени можности.“



Слични вести