Чавушоглу во Белград се состана со неговите колеги од 5 земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги продолжува своите билатерални средби и разговори во главниот град на Србија, Белград кадешто престојува по повод Самитот на Движењето на неврзаните земји, на 60-годишнината од формирањето

1717980
Чавушоглу во Белград се состана со неговите колеги од 5 земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во главниот град на Србија, Белград кадешто престојува по повод Самитот на Движењето на неврзаните земји на 60-годишнината од формирањето, се состана со министрите за надворешни работи на Азербејџан, Непал, Гватемала, Либан и Ирак.

Чавушоглу, во врска со своите остваребни средби и разговори во Белград објави соопштение на својот профил преку социјалната мрежа Твитер.

Мевлут Чавушоглу во споделената објава во врска со остварената средба со неговиот азербејџански колега Џејхун Бајрамов го напиша следното: „Со министерот за надворешни работи на Џан (нашето срце) Азербејџан мојот брат Џејхун Бајрамов овојпат се состанавме во Белград. Ги разгледавме нашите билатерални односи и подготовките за Самитот на Турскиот совет што ќе се одржи на 12 ноември. Нашите билатерални средби на маргините на Самитот на неврзаните ги продолживме со министрите за надворешни работи на Непал, Гватемала, Либан и Ирак.“ 



Слични вести