Чавушоглу: Растечките нееднаквости влијаат негативно на повеќе од 70 отсто од светското население

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека нееднаквостите се во подем во целиот свет и дека според извештаите на Обединетите нации (ОН) растечките нееднаквости влијаат негативно на повеќе од 70 отсто од светското население

1717872
Чавушоглу: Растечките нееднаквости влијаат негативно на повеќе од 70 отсто од светското население

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот на 60-годишнината од формирањето на Движењето на неврзаните земји (НАМ) што започна во главниот град на Србија, Белргад и под претседателствувањето на Азербејџан, имаше свое обраќање како единствен претставник министер за надворешни работи на земја специјален гостин.

Чавушоглу, собирот го оцени како историски и порача дека се од големо значење принципите за кои денеска се зборува, а коишто се утврдени пред 60 години за време на формирањето на Движењето на неврзаните земји во Белград.

Привлекувајќи внимание дека нееднаквостите се во подем во целиот свет, Чавушоглу истакна дека според извештаите на Обединетите нации (ОН) растечките нееднаквости влијаат негативно на повеќе од 70 отсто од светското население.

Тој истакна дека со забрзување на технолошкиот напредок се зголемува јазот во развојот и технологијата помеѓу развиените и помалку развиените земји.

Нагласувајќи дека Турција со тоа што е домаќин на Технолошката банка на Обединетите нации (ОН) за најмалку развиените земји го исполнува она што и се паѓа, Чавушоглу велејќи „Светот е поголем од пет“ го повтори повикот на Турција за изградба на поинклузивен систем со поголема репрезентативна моќ во ОН. 

Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека Движењето на неврзаните земји (НАМ) би можело да создаде разлика од одржливиот развој и универзалниот пристап до вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и од палестинската кауза до борбата против тероризмот. 

“Активната мултилатералност којашто ќе функционира треба да претставува заедничка цел за секого, за сите нас.“ - рече Тој.

Турција, во Движењето на неврзаните земји (НАМ) во кое иако не е негова членка од 2006 година наваму е поканувана како земја специјален гостин на самитите и на состаноците на ниво на министри за надворешни работи.

Движењето на неврзаните земји (НАМ) е составено од 120 земји членки , а 17 земји се претставувани и имаат статус на земји посматрачи.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград ги преразгледавме прашањата за коишто разговараа нашите претседатели (Ердоган и Путин) во Сочи.“

 

 

 



Слични вести