Заедничка воена вежба на турските и азербејџанските вооружени сили во Нахчиван

Во вежбата, во која беше извршено воздушно слетување зад репрезентативната непријателска линија, непријателските сили кои паднаа во заседа беа неутрализирани и нивните оклопни возила беа заробени

1717357
Заедничка воена вежба на турските и азербејџанските вооружени сили во Нахчиван

Во заедничката воена вежба на турските и азербејџанските вооружени сили во Нахчиван, репрезентативни цели на непријателот беа уништени, а окупираните области беа ослободени.

Вежбата „Непоколебливо братство-2021“, што се одржа во Нахчиван со учество на Третата армиска команда на турските вооружени сили и Командата на армијата на Азербејџан Нахчиван, започна со нападнот на специјалните сили на ридовите каде што беше стациониран репрезентативниот непријател и го зазедоа регионот.

Во вежбата, во која беше извршено воздушно слетување зад репрезентативната непријателска линија, непријателските сили кои паднаа во заседа беа неутрализирани и нивните оклопни возила беа заробени.

Во вежбата, во која снајперистите исто така целите ги уништија со полн погодок, репрезентативните цели беа бомбардирани  со артилериски топови, минофрлачи и проектили.

Во вежбата, во која непријателските позиции беа нападнати со тенкови и оклопни возила, специјалците ги спасија репрезентативните окупирани населени места.

Во вежбата исто така учествуваа и воени авиони кои ги бомбардираа репрезентативни цели.

Вежбата заврши со закачување и развиорување на знамињата на Турција и Азербејџан на „ослободените“ ридови и летот на хеликоптерите кои исто така ги развиорија знамињата на двете земји.



Слични вести