Сочувство од Турција до Русија за загинатите во авионската несреќа во Татаристан

Министерството за надворешни работи соопшти дека Турција изрази сочувство до Русија поради авионската несреќа во Република Татаристан во која животите ги загубија 16 лица, а 6 мина беа повредени

1717440
Сочувство од Турција до Русија за загинатите во авионската несреќа во Татаристан

Турција изрази сочувство до Русија поради авионската несреќа во Република Татаристан која животите ги загубија 16 лица, а 6 мина беа повредени.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со жалење е дознаено дека во авионот кој се урна во Република Татаристан во Руската Федерација животите ги загубија 16 лица и најмалку 6 лица се повредени. Изразуваме сочувство до семејствата на лицата кои загинаа во оваа несреќа и на Владата на Руската Федерација, на повредените им посакуваме итно оздравување.“

Инаку, при уривање на транспортен авион од типот „Л-410 Турболет“ кој превезувал 23 падобранци во Република Татаристан во составот на Русија, животите ги загубија 16 лица, а 6 мина беа повредени.

Руското министерство за итни состојби соопшти дека, авионот кој од аеродромот во близина на градот Минзеле (Мензелинск) во Татаристан превезувал 23 лица од кои повеќето подобранци се урнал кусо време по полетувањето.



Слични вести