Турција остро ја осуди одлуката израелскиот суд, за „тивко“ молење на Евреите во Ал Акса

Загрижувачка е можноста, споменатата одлука дополнително да ги охрабри фанатичките кругови кои се обидуваат да го уништат статус квото во Ал Акса и да предизвикаат нови тензии

1716687
Турција остро ја осуди одлуката израелскиот суд, за „тивко“ молење на Евреите во Ал Акса

Турција остро ја осуди одлуката израелскиот суд, во која беше изнесено тврдењето дека Евреите имаат право „тивко“ да се молат во Ал Акса.

Министерството за надворешни работи објави соопштение во врска со скандалозната одлука на израелскиот суд.

Во соопштението со кое се осудува одлуката, се вели: „Остро ја осудуваме одлуката донесена од израелскиот суд, во која беше изнесено тврдењето дека Евреите имаат право „тивко“ да се молат во Ал Акса.

Загрижувачка е можноста, споменатата одлука дополнително да ги охрабри фанатичките кругови кои се обидуваат да го уништат статус квото во Ал Акса и да предизвикаат нови тензии“.

Во соопштението на министерството беше упатен повик до меѓународната заедница кој гласи: „Ја повикуваме меѓународната заедница остро да се спротивстави на оваа погрешна, незаконска и опасна одлука и сите провокации против Ал Акса“.



Слични вести