Турција го осуди бомбашкиот напад за време на петочната молитва во џамија во Авганистан

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен терористички напад, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите што побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски авганистански народ“

1717034
Турција го осуди бомбашкиот напад за време на петочната молитва во џамија во Авганистан

Турција го осуди бомбашкиот терористички напад за време на клањање на (џума намаз) петочната молитва во една џамија во провинцијата Кундуз во Авганистан.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека со големо жалење е дознаено за големиот број загинати и ранети во извршениот терористички напад за време на (џума намаз) петочната молитва во една џамија во провинцијата Кундуз во Авганистан.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен терористички напад, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите што побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски авганистански народ.“



Слични вести