Турската крајбрежна стража кај Мармарис и Бодрум спаси 48 нерегуларни мигранти

Екипите на Командата на крајбрежната стража во близина на Мармарис и Бодрум кај Мугла спасија 48 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1717036
Турската крајбрежна стража кај Мармарис и Бодрум спаси 48 нерегуларни мигранти

Во близина на населените места Мармарис и Бодрум кај градот Мугла се соасени и извадени на копно 48 нерегуларни мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на Мармарис и Бордум се наоѓаат нерегуларни мигранти на утврденото место беа испратени екипи на Командата на крајбрежната стража.

Притоа беа спасени 48 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле оставени во турските територијални води, на еден сплав и на гумен чамец.

Нерегуларните мигранти кои беа извадени на копно по законските постапки и беа предадени на Дирекцијата на Управата за миграција во Мугла.



Слични вести