Во минофрлачки напад во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека од страна на терористите е реализиран минофрлачки напад во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија во кој стана шехид (загина) еден турски војник

1716416
Во минофрлачки напад во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија загина еден турски војник

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) е соопштено дека од страна на терористите е реализиран минофрлачки напад во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија во кој стана шехид (загина) еден турски војник.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така објави порака со сочувство на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Акар во пораката го истакна следното: „На нашиот јуначки шехид му посакувам милост од Аллах во мое лично име и во име на припадниците на Министерството за национална одбрана, изразувам сочувство до неговото ожалостено семејство и до нашиот честит народ, посакувам трпение.“

Прекуграничната операција Еуфратски штит во северниот дел на Сирија беше реализирана од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во периодот од август 2016 до март 2011 година.



Слични вести