Сочувство од Чавушоглу до Курејши за жртвите во земјотресот во Белуџистан

Во соопштението на МНР се истакнува следното: „Нашиот министер за надворешни работи Чавушоглу денеска разговараше телефонски со неговиот пакистански колега Курејши на кого му го изрази своето сочувство за загинатите во земјотресот во Белуџистан“

1716002
Сочувство од Чавушоглу до Курејши за жртвите во земјотресот во Белуџистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши до кого го изрази своето сочувство за загинатите во земјотресот што ја погоди провинцијата Белуџистан во Пакистан.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Нашиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска разговараше телефонски со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши на кого му го изрази своето сочувство за загинатите во земјотресот што се случи утрово во провинцијата Белуџистан на југот на Пакистан; му рече дека доколку затреба сме спремни за помош.“

Инаку, во земјотресот со јачиона од 5,9 степени според Рихтер којшто изутринава ја погоди провинцијата Белуџистан на југот на Пакистан, според првични информации животите ги загубија најмалку 20 лица од кои 6 деца, а има и голем број повредени.

Од регионот пристигнуваат вести дека може да се зголеми бројот на жртвите.



Слични вести