Порака со сочувство од Турција до Пакистан за загинатите во земјотресот во Белуџистан

Во соопштението на МНР се истакнува следното: Со длабоко жалење е дознаено за големиот број човечки загуби, големиот број повредени и оштетените куќи во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер што ја погоди провинцијата Белуџистан, во Пакистан

1716174
Порака со сочувство од Турција до Пакистан за загинатите во земјотресот во Белуџистан

Турција објави порака со сочувство за загинатите во земјотресот што ја погоди провинцијата Белуџистан во Пакистан.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со длабоко жалење е дознаено за големиот број човечки загуби, големиот број повредени и оштетените куќи во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер што ја погоди провинцијата Белуџистан, на југот на Пакистан.“

Во соопштението исто така се нагласува дека Турција е спремна за поддршка и се вели следното: „Ги изразуваме нашите желби со сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот, пријателската пакистанска Влада и братскиот пакистански народ, на повредените им посакуваме побрзо оздравување и соопштуваме дека Турција исто како и секогаш е спремна да ја достави секој вид поддршка за санирање на раните.“

Инаку, во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер што изутринава ја погоди провинцијата Белуџистан во Пакистан, според првични добиени информации, животите ги загубија најмалку 20 лица од кои 6 деца, а повеќе од 300 лица се повредени.

Продолжуваат работите за пребарување и спасување во областите погодени од земјотресот, додека од регионот пристигнуваат вести дека може да се зголеми бројот на жртвите.

 

 

TRT/AA/TUĞBA



Слични вести