ОН го дочекаа со задоволство ратификувањето на Парискиот климатски договор од страна на Турција

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич го рече следното: „Го поздравуваме ратификувањето на Парискиот договор од страна на Турција“

1715968
ОН го дочекаа со задоволство ратификувањето на Парискиот климатски договор од страна на Турција

Обединетите нации (ОН) го дочекаа со задоволство ратификувањето на Парискиот климатски договор  од страна на Турција.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич во врска со ова го рече следното: „Го поздравуваме ратификувањето на Парискиот договор од страна на Турција.“

Велејќи дека треба да бидат зголемени напорите на сите земји во правец на задоволување на целите во договорот, Дујарич истакна дека земјите од Групата Г-20 треба да бидат предводници во борбата против климатските промени.

Инаку, Обединетите нации (ОН) за постигнување на целта за држење на растот на глобалното затоплување на под 2 сантиграти во рамките на Парискиот климатски договор бараат од земјите емисиите на стакленичките гасови во светот до 2050 година да бидат сведени на нула.

Предлог-законот за одобрување на Парискиот климатски договор вчера беше ратификуван во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести