Мустафа Шентоп во Рим учествува на седмиот Самит на претседатели на парламентите на Г-20

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп денеска во Рим ќе учествува на сесијата на отворањето на Самитот на П-20 што ќе се одржи под насловот „Парламентите за луѓето, светот и просперитетот“

1716071
Мустафа Шентоп во Рим учествува на седмиот Самит на претседатели на парламентите на Г-20

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп денеска во главниот град на Италија, Рим ќе учествува на седмиот Самит на претседатели на парламентите на земјите од Групата Г-20 (Самитот на П-20).

Шентоп денеска ќе учествува на сесијата на отворањето на Самитот на П-20 што ќе се одржи под насловот „Парламентите за луѓето, светот и просперитетот“.

Потоа Шентоп ќе говори и на сесијата под наслов „Решенија за социјалните кризи и кризите во вработувањето предизвикани од епидемијата на новиот тип коронавиру (Ковид-19)“, а во рамките на самитот ќеоствари и низа билатерални средби и разговори меѓу кои се состане и со претседателката на италијанскиот Сенат Марија Елизабета Алберти Каселати и со претседателот на Претставничкиот дом на Италија Роберто Фико. 

Освен тоа, Мустафа Шентоп ќе говори и на сесијата што ќе се одржи во рамките на Самитот на П-20 под насловот „Повторното заживување на економскиот раст од аспект на социјалната и еколошката одржливост“.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, утре (8 октомври) во рамките на Самитот на П-20 ќе говори и на сесијата под наслов „Одржливоста и безбедноста на храната во постепидемискиот период“.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и парламентарната делагција во негова придружба во Рим ќе се состанат и со претставниците на тинк-тенк организациите, а потоа ќе се вратат во земјата.

 



Слични вести