Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1715426
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, со координирана работа на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) е реализирана прекугранична операција во областа Хакурк во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се истакнува дека во операцијата се неутрализирани четворица терористи на ПКК.



Слични вести