Во Нахчиван продолжува заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Непоколебливо братство 2021“

Вооружените сили на Турција и Азербејџан продолжуваат да ги извршуваат своите активности во согласност со сценариото за обука во рамките на заедничката тактичко-борбена воена вежба „Непоколебливо братство 2021“

1715665
Во Нахчиван продолжува заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Непоколебливо братство 2021“

Во Нахчиван продолжува заедничката турско-азербејџанска тактичко-борбена воена вежба „Непоколебливо братство 2021“.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, вооружените сили на двете земји продолжуваат да ги извршуваат своите активности во согласност со сценариото за обука.

Во рамките на воната вежба, воените единици ги извршуваат своите задачи за подготвеност за војна.

Азербејџанските и турските вооружени сили, применувајќи ги методите на тајно приближување до непријателските позиции, ги утврдуваат начините на заедничко дејствување.

Се реализираат активности како што се приближување до непријателските позиции со специјални групи за напад и маневри за избегнување од оптичките уреди и истрелите на непријателот.

Во рамките на воената вежба во која учествуваат воени авиони и воени хеликоптери за транспорт и офанзива, се изведуваат тешки пилотски маневри и летови за обука.

Заедничката турско-азербејџанска тактичко-борбена воена вежба „Непоколебливо братство 2021“ ќе заврши на 8 октомври.  

 



Слични вести