Во Анкара се одржа 63. рунда од консултативните разговори помеѓу Турција и Грција

Во споделената објава на профилот на Министерството за надворешни работи на Твитер се истакнува следното: „Денеска во Анкара се одржа 63. рунда од консултативните разговори помеѓу Турција и Грција“

1715855
Во Анкара се одржа 63. рунда од консултативните разговори помеѓу Турција и Грција

Денеска Анкара беше домаќин на 63. рунда од консултативните разговори помеѓу Турција и Грција.

Во споделената објава на профилот на Министерството за надворешни работи на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Денеска во Анкара се одржа 63. рунда од консултативните разговори помеѓу Турција и Грција.“

Претходната 62. рунда од разговорите се одржа на 16 март во главниот град на Грција, Атина, а пред тоа 61. рунда се одржа на 25 јануари во Истанбул.

Во врска со разговорите помеѓу двете земји за коишто претходно беше користен изразот „експлораторски“ односно истражувачки разговори или разговори за зближување, почна да се користи изразот „консултативни“ разговори.

Со овие разговори, Турција и Грција имаат за цел да изнајдат решение за присутните проблеми помеѓу двете земји во Егејот и Медитеранот.

Инаку, двете земји на 12 март 2002 година ги започнаа разговорите со цел да се подготви основата за „праведно, трајно и сеопфатно“ решение  за присутните проблеми во Егејот и Медитеранот коешто ќе биде прифатено и од двете страни.

 



Слични вести