Претседателот Ердоган го прими претседателот на Интерпарламентарната унија (ПАБ) Дуарте Пачеко

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара го прими претседателот на Интерпарламентарната унија (ПАБ) Дуарте Пачеко

1715824
Претседателот Ердоган го прими претседателот на Интерпарламентарната унија (ПАБ) Дуарте Пачеко

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе го прими претседателот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) Дуарте Пачеко кој престојува во официјална посета на Анкара.

Претседателот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) Дуарте Пачеко претходно се состана и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Министерот Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со средбата го напиша следното: „Го пречекавме претседателот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) Дуарте Пачеко. И придаваме значење на парламентарната дипломатија. Ќе ги поддржиме и активностите на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во врска со нерегуларната миграција.“

Освен тоа претседателот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) Дуарте Пачеко и делегацијата во негова придружба беа примени и кај министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

Дуарте Пачеко во рамките на неговите средби и разговори во Анкара вчера го посети и Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кадешто се состана со претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, а потоа имаше средби и со претседателот на турската група во Интерпарламентарната унија (ИПУ), пратеничката на владејачката АК Партија од Истанбул Равза Кавакчи Кан и со членовите на турската група во Интерпарламентарната унија (ИПУ).

 



Слични вести