Ердоган: Ако се постигне консензус можеме да го финализираме новиот Устав пред крајот на законодавната година

Претседателот Ердоган речер: „Доколку можеме да обезбедиме да се постигне консензус помеѓу предлозите за нов Устав на другите политички партии и нашите подготовки, можеме да ја финализираме оваа работа пред крајот на законодавната година“

1715719
Ердоган: Ако се постигне консензус можеме да го финализираме новиот Устав пред крајот на законодавната година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде, на првиот состанок на својата Пратеничка група во Собранието во новата законодавна година, во врска со активностите за подготвување на новиот Устав, го рече следното: „Доколку можеме да обезбедиме да се постигне консензус помеѓу предлозите за нов Устав на другите политички партии и нашите подготовки, можеме да ја финализираме оваа работа (подготвувањето на новиот Устав) пред крајот на законодавната година.“

Велејќи дека тие (неговата партија) се искрени во нивниот предлог за подготвување на нов Устав што го поставија на дневниот ред на Турција, Ердоган истакна дека и од другите партии во Собранието очекуваат во најското време да ги споделат со јавноста своите подготовки (во врска со работите за нов Устав).

Тој рече: „Доколку можеме да обезбедиме да се постигне консензус помеѓу предлозите за нов Устав на другите политички партии и нашите подготовки, можеме да ја финализираме оваа работа (подготвувањето на новиот Устав) пред крајот на законодавната година.“

Нагласувајќи дека во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) сите заедно го доживеавме и го согледавме тоа од колку критично значење се предностите со кои се стекна Турција со претседателскиот систем на власта, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Додека голем број земји, вклучувајќи ги и равзиените земји, се уште страдаат од бројни политички, економски и социјални болки, ние успеавме да се разликуваме и одделиме во позитивна насока во секоја сфера од здравството до индустријата.“

 



Слични вести