Бројот на неутрализираните терористи на северот на Ирак се зголеми на 8

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи на ПКК со што бројот на неутрализираните терористи во подрачјето денеска се зголеми на 8

1715806
Бројот на неутрализираните терористи на северот на Ирак се зголеми на 8

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ (Pençe-Şimşek) во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани уште четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК со што бројот на неутрализираните терористи во ова подрачје денеска се зголеми на 8.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека продолжува да им се нанесува тежок удар на терористите во северниот дек на Ирак.

Во соопштението се вели дека со реализирани топовски истрели се неутрализирани уште четворица терористи на ПКК и дека со тоа бројот на неутрализираните терористи во подрачјето на операцијата „Шепа-Молња“ (Pençe-Şimşek) во северниот дел на Ирак денеска се зголеми на 8.

Од друга страна пак, во реализираната операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) на областа Гара во северниот дел на Ирак е неутрализиран терористот по име Озџан Јилдиз, познат под кодното име „Доктор Роди“, од списокот на барани терористи.

Како што се истакнува, во врска со овој терорист од водечкиот кадар е споделена информацијата дека учествувал во реализираниот терористички напад во Даглиџа, во близина на населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари во 2012 година во кој станаа шехид (загинаа) 8 турски војници.

 



Слични вести