Бродот за сондажа „Јавуз“ отплови за својата прва задача во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез соопшти дека бродот за сондажа „Јавуз“ од пристаништето Хајдарпаша во Истанбул кадешто беше укотвен отплови кон пристаништетот Филјос во близина на градот Зонгулдак, на брегот на Црното Море

1715832
Бродот за сондажа „Јавуз“ отплови за својата прва задача во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека бродот за сондажа „Јавуз“ од пристаништето Хајдарпаша во Истанбул кадешто беше укотвен отплови кон пристаништетот Филјос во близина на градот Зонгулдак, на брегот на Црното Море.

Министерот Донмез во објавата напиша: „Нашиот брод за сондажа Јавуз отплови од пристаништето Хајдарпаша и тргна кон пристаништето Филјос. Нашиот брод по работите за монтирање на кулата ќе се упати кон длабочините на Црното Море. Со желба видикот да му е јасен, да ја добива силата на ветрот.“

Бродот за сондажа „Јавуз“ се укотви во пристаништето Хајдарпаша на 15 август за подготовките за премин низ Истанбулскиот морски теснец „Босфорот“ и за демонтирање на кулата.

Бродовите за сондажа „Јавуз“, „Фатих“ и „Кануни“ кои се внесени во инвентарот на Турската нафтена компанија (ТПАО) и ќе бидат на задача во Црното Море каде што продолжуваат активностите за сондажа и тестирање.

Бродот за сондажа „Фатих“ од чија страна во последната една година во Црното Море беа пронајдени вкупно 540 милијарди кубни метри природен гас, моментално ги продолжува своите активности за дупчење во бушотината „Туркали-5“.

 



Слични вести